Приведени трojца крадци, од кои еден малолетник, расчистени пет кривични дела

На 15.07.2021 од страна на полициски службеници од Полициска станица Аеродром на ул.„Вангел Тодоровски“ лишени се од слобода А.Х.(25), Љ.М.(26) и малолетник, сите тројца од Скопје, поради сомнение дека се извршители на кривични дела.

Од лицата е одземен алат со кој ги извршувале кривичните дела, при што се расчистени пет кривични дела, и тоа две тешки кражби и три тешки кражби во обид, во продажни и услужни објекти на бул.„Александар Македонски“ и на ул.„Фрањо Клуз“.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.