Приведени учесници на собир покрај бадников оган во Орман

Полицијата вечерва затекна десетина лица покрај оган во скопското село Орман. Тие се  приведени и против нив ќе следат соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да не организираат какви било собирања односно да ги почитуваат меркита за справување со коронавирусот.

Оттаму потсетија дека на силе е забраната за организација и одржување на прослави на јавни места, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година.