Приведено едно лице за пукањето врз Фантом

Борис Мутков познат под прекарот Фантом, околу полноќ, е застрелан во близина на мостот за населбата Бардовци.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот кај нив е пријавен на полноќ.

-Примена е пријава дека на влез во село Бардовци било пукано кон Б.М. (40), кој се движел со возило „мерцедес”.
Б.М. е пренесен во болницата “Систина“ за укажување помош. Во врска со настанот е приведен С.Е. (23).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.