Полицијата го пронашла и привела лицето кое се сомничи дека синоќа запалило две возила сопственост на ЕВН.
Според информациите од МВР, во 1:20 часот по полноќ на улицата „Ленин“ лишен од слобода и задржан во полициска станица бил 43-годишниот К.О. од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“.
Инаку, тетовските пожарникари во текот на ноќта интервенираа на две запалени возила сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија.
„Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати“, изјави Ука Алити, командант на Тетовската терирторијатла противпожарна единица.
.