![Zatvor-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/Zatvor-1.jpg?resize=590%2C393&ssl=1)
Денеска (19.09.2022) во 11:55 часот во нас.Лисиче, Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Љ.(30) од Скопје.
За него била распишана централна потерница од Основен кривичен суд – Скопје со која се барал за издржување затворска казна од година и пол за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.