На 10.06.2023 во 14.00 часот на подрачје на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(24) од с.Бојане, скопско.
По извршени проверки било констатирано дека возилото „дачиа сандеро“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било пријавено за одземено од рент а кар компанија.
Исто така, кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.