Приведено момче од Србија, влегло во Македонија без тест за коронавирус

Во полициска станица на граничниот премин Табановце, при вршење на пасошка контрола на излез од земјава 26-годишниот М.Д. од Република Србија не приложил изјава за влез со ПЦР тест или транзит и при проверка било констатирано дека на 2.08.2020 на Граничниот премин Блаце му бил одбиен влез за непоседување на ПЦР тест.

По ова било утврдено дека М.Д. остварил илегален влез, а тоа го потврдил во разговорот со полицијата.

М.Д. бил приведен и предаден на полициски службеници од Куманово за понатамошна постапка“, информира МВР.