Приведување во Кочани, најдени над сто пакувања марихуана подготвени за продажба

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани во понеделникот околу 13 часот го лишиле од слобода 33-годишниот кочанчанец Е.Х..

Имено, по обезбедена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кочани, извршен е претрес на дом и други простории кои ги користел Е.Х., при што се пронајдени и одземени 105 пакувања марихуана, подготвени за продажба.

Дрогата е одземена, а лицето е приведено, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка согласно член 215 од Кривичниот законик.