Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Трета македонска бригада ќе биде воведен во недела поради изведба на попречни прекопи.
Сообраќајниот режим ќе биде во времетраење од 8 до 18 часот и тоа на потегот од крстосницата со улицата Пролет до крстосницата со учицата Никола Карев.
Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.