Привремена дневна болница во прифатниот камп во Гевгелија

Привремена дневна болница во прифатниот камп во Гевгелија
Привремена дневна болница во прифатниот камп во Гевгелија

Во прифатниот камп во Гевгелија, поставени се два современи контејнери во кои е сместена привремена дневна болница за здравствена заштита на мигрантите.

Покрај ова, на терен продолжуваат работите за оградување на камп просторот, се тампонира приодниот пат, се инсталира мрежа за јавно осветлување и се поврзуваат сите пунктови кон електричната мрежа. До конечното уредување на септичката јама поставени се 10 пластични тоалети со најава дека ќе бидат поставени уште толку, а комуналната хигиена се одржува редовно со поставени контејнери и нови канти за отпадоци.

Во очекување на поголем бегалски наплив сите предвидени зафати во прифатниот камп ќе бидат завршени во најбрз можен рок. Состојбата во градот е нормализирана, просторот околу транспортниот центар е исчистен од отпадоци, а железничката и автобуската станица повторно функционираат нормално, пишува МИА.

Бегалците кои пристигнуваат во прифатниот камп, по евидентирањето од платформата крај прифатниот пункт се качуваат на специјалните возови за Табановце, а оние кои пристигнуваат по заминувањето на возовите патот кон северната граница и денеска го продолжуваат организирано со автобуси и такси возила.