Привремено нема да важи Упатството за водење матични книги со графа за националност во изводите , одлучи Уставниот суд

Уставните судии на денешната седница на која расправаа за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Упоатството за водење матични евиденции што неодамна го донесе Министерството за правда, со кое во изводите на родените се додава графа националност одлучија тоа привремено да не важи. Тие оваа одлука ја донесоа со пет глас за и два против.

Расправата на Уставен суд ја следеше и министерот за правда Кренер Лога, кој смета дека уптатсвото не е спротивно на законите.  Тој за денес попладне закажа прес-конференција со новинарите.

 Уставните судии одлучија постапката за упатството да продолжи, а до конечна одлука да има привремена мерка за тоа да не се применува.

Главната причина за поведување постапка е пречекорување на рокот за потпишување, од потпишување до објава во „Службен весник“.

Упатството предизвика бурни реакции во јавноста откако бугарски невладини организации бара од Македонците да извадат извади во кои во графата етничка припадност ќе стои дека се Бугари за полесно д дојдат до бугарски пасош

Реакции имаше и од политичките партии, како и од стручната јавност, која смета дека министерот Лога донел противуставна одлука.

Поранешната министерка за правда и професорка по уставно право Рената Дескоска вчера изјави дека одлуката на Уставниот суд да го преиспитува новото упатство за матични книги, во кое има графа за националност, е добра вест.

Според неа, новото упатство треба да се поништи. Таа наведува дека сензитивните податоци за етничката припадност, религијата, политичката припадност и сексуалната ориентација не смее да се најдат во документ, туку само во матичната книга затоа што Македонија е потписник на неколку меѓународни документи за заштита на податоците.