![106681738 воза](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/03/106681738-1.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Од денеска привремено нема да сообраќаат возовите бр. 543 на релација Скопје-Битола кој од Скопје поаѓа во 17:10 и бр. 540 на релација Битола – Скопје кој од Битола според возниот ред тргнува во 05:25, соопшти МЖ Транспорт.
Според МЖ Транспорт, временото укинување на возовите е поради тоа што по повеќедневниот прекин на железничкиот сообраќај, за вклучување на сите капацитети на возниот парк, од техничко-технолошки причини е потребен одреден временски период.
Вработените во Македонски железници повеќе од две недели протестираа со целосен прекин на патничкиот и товарниот сообраќај. Протестот беше прекинат вчера попладне кога почнаа да сообраќаат товарните возови, а од денеска функционира и патничкиот железнички превоз.