Привршува трката за избор на нов претседател на ЕИБ

Министрите за финансии на земјите членки на ЕУ следниот месец на состанок во шпански град Сантијаго де Компостела треба да го изберат новиот претседател на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Во трката за прв човек на водечката институција за ЕУ за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти со седиште во Луксембург, се неколкумина кандидати, но како главни фаворити за наследник на актуелниот претседател на ЕИБ, Вернер Хојер се сметаат актуелната еврокомесарка за конкурентност Маргрете Вестагер и шпанската министерка за финансии Надија Калвињо. Покрај нив, во игра за оваа позиција се и двајцата актуелени потпретседатели на ЕИБ, Тереза Червињска од Полска и Томас Острос од Шведска, како и поранешниот италијански министер за финансии и економија и екс-вицегувернер на централната Банка на Италија, Даниеле Франко.