Привршуваат подготовките за Струшките вечери на поезијата

Во просториите на НУБ „Св.Климент Охридски“, денеска ќе бидат соопштени тековните активности околу подготовките на годинашното издание на Струшките вечери на поезијата (СВП).

Соопштен ќе биде и потесниот избор од поетските книги кои влегоа во конкуренција за наградата „Браќа Миладиновци“.