Привршува реконструкцијата на патот Тетово- Брвеница- Гостивар, инвестиција вредна 1,8 милиони евра

Инвестицијата за реконструкција на овој регионален правец е 1,8 милиони евра.

-Денеска сме овде да извршиме увид во градежните работи, согласно динамиката на асфалтирање очекувам дека ќе биде завршен според договорот некаде август или септември. Ова е тоа што предходно го ветивме и сега го реализираме, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

До сега се реализирани 80% од вкупните градежни работи. Инензивно се работи на патот, дополнително на неколку места се изврши прошири за да се зголеми безбедноста.

rekonstrukcija pat

-Моментално го работиме овој патен правец, предхоно го завршивме Тетово – Пирок – Гостивар и уште пет локални патишта чија вкупна инвестиција изнесува околу 27 милиони денари, изјави Александар Стојанов, директор на ЈП за Државни патишта.

Тој додаде дека во овој регион се изврши и проширување на неколку моста и се заврши едниот дел од клучката Брценица.