Стотици руски бајкери, членови на мотоциклистичкиот клуб „Ноќни волци“ кој се големи поддржувачи на рускиот претседател Владимир Путин тргнаа во саботата од Москва во ткн „татковинско“ рели кои планираат да го завршна во германската престолнина Берлин на 9-ти мај кој во Русија се празнува како ден на победата во Големата татковинска војна односно победата над нацистичка Германија во втората светска Војна, извести во саботата новинарот на AFP.
Поворката мотоциклисти предводена од 60-годишниот Александар Задoстанов, познат по прекарот „Хирургот“ кој е водач и основач на „Ноќните волци“ тргнал од „Бајкерскиот центар“, седиштето на клубот на југоистокот од Москва.
Некои учесници носеле руски и знамиња на некогашниот Советски сојуз, а некои на своите мотоцикли го имале испишан знакот „Z“, симболот на, она како што Москва го нарекува „специјална воена операција“ во Украина, која започна на 24-ти февруари 2022 година.
Релито под насловот „По патиштата на победата“, го презема слоганот на руската инвазија во Украина – „Нема да ги заборавиме нашите“, што се однесува на руското население во соседната земја, особено доминантно во Донбас и на црноморскиот полуостров Крим.
Како што наведуваат организаторите, бајкерите на 1-ви мај ќе минат низ Волгоград, некогашен Сталинград, на реката Волга каде што во период 1942/1943 година се воделе крвавата битка меѓу советските и силите на германските нацисти, вклучително и нивните колаборационист меѓу кои и украинските, а којашто преставувала пресврт на текот на Втората светска војна во полза на СССР.
Рутата продолжува кон Доњецкиот регион, во Донбас, на југоистокот на Украина, каде се водат жестоки артилериски дуели, а каде руските мотоциклисти планираат да поделат хуманитарна помош на цивилите и да им искажат поддршка на руските војници.
„Жителите на Донбас и ние сме сит народ“, рекол за AFP пред почетокот на релито 34-годишниот Артјом.
Организаторите очекуваат дека на 9-ти мај ќе стасаат во Берлин. Александар Задoстанов, кој се претставува како „пријател“ на Путин, е под западни санкции поради својата поддршка на руските воени акциите во Украина уште на отцепувањето на Крим во 2014 година, по превратот во Киев поддржан од Западот.
Потеклото на „Ноќните волци“ датира од советската ера, кога во 1983 година станале првиот официјален мотоциклистички клуб регистриран во СССР, во тоа време главно вклучен во организирање нелегални рок концерти во Советскиот сојуз. „Ноќните волци“ покрај во Бугарија, имаат сродни клубови во Германија, Србија, Романија, Австралија, Словачка, Белорусија, Филипини, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Во 2018 година, беше објавено дека „Ноќните волци3 имаат повеќе од 5.000 членови во Русија и во странство.