Приврзаниците на Садр навлегоа во „зелената зона“ и парламентот во Багдад

Приврзаниците на влијателниот шиитски политички водач Моктада Садр навлегоа во саботата во ткн „зелена зона“ во ирачката престолнина Багдад која е под силни безбедносни мерки каде се сместени странските амбасади и институциите на ирачката влада, влегле и во зградата на парламентот.

„Откако влегоа во зелената зона, демонстрантите се пробија до зградата на парламентот“, рекол безбедносен извор за AFP.

Илјадници демонстранти, приврзаници на клерикот Моктада Садр, во саботата се собрале во центарот на Багдад, незадовилни од кандидатурата за премиерската должност на Мохамед Шиа ал-Судани, кого го сметаат близок на поранешниот премиер Нури ал-Малики, жесток противник на Садр.

Поради најавата на собирот ирачките безбедносни сили затвориле повеќе главни сообраќајници во престолнината кои водат во „зелената зона“. Со солзавец и со водени топови на приодите од квартот се обиделе да ги растераат демонстрантите.

Повредени се најмалку 26 демонстранти поради вдишување солзавец и падови од високите бетонски огради поставени за да се запрат демонстранти, пренесуваат медиумите. Седумнаесет припадници на безбедносните сили се погодени со камења кои врз нив ги фрлале демонстрантите.

Во средата илјадници приврзаници на ал-Садр ја заземаа „зелената зона“ и накусо го заземаа парламентот за да ја отстранат кандидатурата на сл-Судани, поранешен министер и покраински гувернер.

Политичката криза кулминира во Ирак каде сѐ уште се очекува именувањето на новите претседател и премиер, десет месеци по парламентарните избори одржани во октомври во 2021 година.