Приврзаниците на Трамп на улиците на Атланта, Денвер, Феникс…, застреланата демонстрантка почина, Конгресот обезбеден

Привзраниците на републиканскиот американски претседател Доналд Трамп се собраа во средата и пред зградите на државните управи во многу градови ширум земјата, меѓу кои и Атланта, Денвер, Феникс и Солт Лејк Сити, додека нивните истомисленици упаднаа во Капитол во Вашингтон, пренесуваат медиумите додека во болница во престолнината почина демострантката ранета во пукање во безредијата.

Демонстрантите влегле во зградата на државната управа во Топека во сојузната држава Топека, но собирот таму минал без инциденто, јави локалната телевизиска станица KSNT.

Нема извесштаи за насилства и покрај големиот револт и гнев на бројните поддржувачи на Трамп кои и три месеци по претседаталските избори од 3-ти ноември не се разубедени дека е украдена изборната победа на републиканскиот претседател.

Градоначалникот на Денвер, Мајкл Хенкок, објави на Twitter дека на државните агенции им наредил да ги затворат главните канцеларии поради претпазливост, откако според негова процена околу илјада демонстранти се собрале пред државната управа во центарот на градот.

Зградата на главниот суд и уште две други владини згради во Аталанта, главниот град на сојузната држава Џорџија, исто така, се затворени поради протестите. Во својата канцеларија не се појавил во средата државниот секретар на Џорџија, републиканецот Брад Рафанспергер, кој веројатно ја дал во медиумите снимката од телефонски разговор во кој Трамп наводно бара од него да создаде доволно гласови за да го спречи прогласувањето на Бајден за победник.

Протест имаше и во Солт Лајк Сити, во државата Јута, но полциијата соопшти дека демонстрантите биле „многу мирољубиви“, пишува локалниот весник The Tribune. Приврзаници на Трамп со повици и транспаренти „Запрете ја кражбата“ одржале протест и во Феникс во државата Аризона.

Во меѓувреме телевизијата CNN објави дека зградата на Конгресот е повторно прогласена за безбедна и дека демократката Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом, најавила дека со Сенатот ќе се работи во текот на ноќта. Но истовремено стаса и информацијата дека починала демонстранката која од огнено оружје беше ранета во пукањето во Конгресот.

CNN објави дека зградата на Конгресот е обезбедена, повикувајќи се на безбедносни извори. Информацијата дојде кусо откако претседателот Доналд Трамп ги повика своите демонстранти да се повлечат од Капитол и мирно да се разотидат.

Телевизијата добила потврда од полицијата дека демонстрантката погодена во градите во текот на безредијата во Конгресот им поглегнала на повредите. Полицијата сѐ уште не го открива нејзинито идентите, а не соопштува и кој пукал во неа.

Според соговорниците на телевизијата, првио била исчисена салата на Сенатот од која демонстрантите наводно биле истуркани во ротондата, а пота и низ вратите. Потоа биле обезбедувани другите катови од зградата, На крајот интервентната полиција наводно ја потиснала масата подалелеку од Капитол, а целата операција траела околу два часа од упадот на демонстрантите, што укажува дека толпата демонстранти почнала да се повлекува набрзо по првите повици на Трамп.