Американската федерална управа за авијација (FAA) во петокот ја приземји ракетата „Falcon 9“ на компанијата „SpaceX“ на Илон Маск, откако таа не функционираше и го загрози товарот на сателитот „Starlink“, што е првиот неуспех на лансирањето во повеќе од седум години од ракетата на која се потпира американската вселенска индустрија.
Околу еден час по лансирањето на „Falcon 9“ од вселенската база Ванденберг во сојузнаа американска држава Калифорнија во четвртокот навечер, погонскиот систем на вториот систем од ракетата не успеал повторно да стартува и распоредил 20 сателити „Starlink“ во ниската орбита, што значи дека наскоро би можеле повторно да влезат во атмосферата на Земјата и да согорат.
Обидот за рестартирање на моторот „резултираше со RUD на моторот од засега непознати причини“, напиша извршниот директор на „SpaceX“, Илон Маск, на својата платформа X, користејќи го индустрискиот акроним за „Rapid Unplanted Disassembly“ кој обично се однесува на експлозија.
Ракетата „Falcon 9“ ќе биде приземјена додека „SpaceX“ не ја истражи причината за дефектот, не ја поправи ракетата и не добие одобрение од агенцијата, соопшти FAA.
Ова е првиот неуспех на „Falcon 9“ од 2016 година, кога ракетата експлодираше на лансирната рампа во Флорида и уништи израелски комуникациски сателит.
„Знаевме дека оваа неверојатна серија мора да заврши. Тимот ќе го реши проблемот и ќе го започне циклусот повторно“, му одговори на Маск на Х, Том Мјулер, поранешен потпретседател на „SpaceX“ за пропулзија кој ги дизајнираше моторите за „Falcon 9“.
Од 2018 година, „SpaceX“ лансираше околу 7.000 сателити „Starlink“ со различен дизајн во вселената за својата глобална широкопојасна интернет мрежа. Ракетата „Falcon 9“ е единствената американска ракета способна да испрати екипаж на американсакта агенција за вселенски истажувања NASA на Меѓународната вселенска станица (ISS). NASA планираше да ја лансира својата следна астронаутска мисија во август.