
Американската армија привремено ја приземји целата флота од борбените авиони Ф-35 по неодамнешниот инцидент во Јужна Каролина, кога се урна еден авион од овој модел, пишува ББЦ. На сите авиони ќе им бидат проверени неисправните цевки за гориво.
Претходно годинава се испитуваше дали Ф-35 се воопшто подготвени за борба откако беа пронајдени многу грешки. F-35 е најголемата и најскапа програма за вооружување од овој вид во светот. Се очекуваше да трае неколку децении и да се продадат ширум светот 3.000 вакви авиони. Авионот во кој е вградена тајна технологија што го прави невидлив за радарите доаѓа во три варијанти.
Во несреќата во Јужна Каролина учествувал F-35B, кој има можност за вертикално полетување и слетување и кој чини околу 100 милиони долари. Пилотот успеа да спаси бидејќи на време се катапултираше.
Авионот произведен во фабриката на Локхид, но и со делови произведени во многу други земји, е продаден во многу земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Јапонија. Прв пат е искористен неодамна во два наврати од воздушните сили на Израел со напади врз цели во Сирија.
Во официјалната изјава, претставници на програмата F-35 рекоа дека САД и нивните меѓународни партнери накратко ги прекинаа сите операции додека не се истпитаат сите цевки за гориво на сите авиони.