Признание на Шерон Стоун: Го изгубила старателството над синот поради улогата во „Ниски страсти“

Холивудската глумица Шерон Стоун (64) се осврна на губењето на старателството над синот пред 15 години.

Во подкастот „Маса за двајца“, таа раскажа како тоа се случило во моментот кога го достигнала врвот на својата слава.

Смета дека однапред била осудена на загуба на старателството поради улогата во филмот Основен инстинкт.

– Судијата го праша моето дете, моето малечко момченце: „Знаеш ли дека твојата мајка снима еротски филмови? “’. Тоа беше злоставување од страна на судот. Не можеа да знаат каква мајка сум поради тоа што сум го снимила тој филм – раскажа легендарната глумица Шерон Стоун.

-Луѓе снимаат без облека и тоа се прикажува на телевизија. Можеби сте виделе шеснаесетина од секунда од мојата голотија, а го изгубив старателството над детето – додава таа.

Потсетуваме, Шерон го посвои својот син Роан (22) со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронштајн (72) во 2000 година. Три години подоцна тој поднесе барање за развод, кој беше финализиран во 2004 година.