По повод на светскиот ден на туризот 27 септември, Туристичко-угостителската комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) на Манифестацијата во организација на Министерството за економија на РМ, во категоријата комори, доби Признание за соработка во областа на туризмот за 2016 година. Наградата ја прими, Аркан Керим – претседател на Туристичко-Угостителка комора на Македонија при ССК.
„Со бројка од речиси 1,2 милијарди луѓе кои патуваат во странство секоја година, туризмот стана значаен економски сектор. Една од причините зошто се празнува Светскиот ден на туризмот е со цел да се поттикне свеста кај меѓународната заедница за важноста на туризмот и неговата социјална, културна, политичка и економска вредност“. – изјави Аркан Керим, претседател на Туристичко Угостителска комора на Македонија при ССК.
Годинава, Светската Туристичка Организација на Обединетите Нации, Светскиот ден на туризмот го празнува на тема “Туризмот за сите – Промовирање на универзална достапност”, со цел да биде потсетник за сите во светот, да се заложат заеднички за меѓусебна интеграција, со цел да се подобри меѓусебниот потенцијал во областа на туризмот и да се промовира взаемното разбирање на различните култури и традиции.
Туристичко Угостителската комора на Македонија при Сојуз на стопански комори им го честита Светскиот ден за туризам на целиот Туристичко Угостителски сектор во Република Македонија, и им посакува во иднина постигнување на уште поголеми успеси во своето работење.