Признавањето на палестинската држава, за Израел е „награда за тероризмот“

Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Лиор Хајат, утрово објави изјава обраќајќи се до неколку европски земји кои сакаат да ја признаат палестинската држава. Според него тоа „испраќа порака“ дека терористичките напади врз Израелците ќе бидат наградени.

„Коментарите на премиерот на Шпанија, Педро Санчез, за признавањето на палестинската држава, како и заедничката изјава на Шпанија, Малта, Словенија и Ирска за нивната подготвеност да ја признаат палестинската држава, претставуваат награда за тероризмот“, напиша Хајат на X.

„Признавањето на палестинската држава по масакрот на 7 октомври испраќа порака до Хамас и другите палестински терористички организации дека убиствените терористички напади врз Израелците ќе бидат возвратени со политички гестови кон Палестинците“, објасни портпаролот.

„Единствениот начин за борба против палестинскиот тероризам е недвосмислено да се осуди Хамас за воените злосторства, злосторствата против човештвото и сексуалните злосторства што ги изврши за време на нападот на 7-ми октомври и продолжува да ги извршува, и да се упати експлицитен повик за ослободување на сите заложници “.

„Решавањето на конфликтот ќе биде можно само преку директни преговори меѓу страните“, изјави Хајат.

„Секој ангажман во признавањето на палестинската држава само го оддалечува постигнувањето решение и ја зголемува регионалната нестабилност“, заклучи тој.