Признавањето на сепратистичките територии во Украина би била „агресија без оружје“, оцени Париз

Евентуалното руско признавње на одметнатите проруски самопрогласени републики на истокот на Украина би било „агресија без оружје“, предупреди во вторникот вечерта францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан откако руските пратеници тоа го побараа од претседателот Владимир Путин.

„Тоа би била невозможна ситуација, форма на невооружена агресија и невооружено нарушување на украинското единство и целост“, истакна Ле Дријан пред надворешнополитичката комисија на француското Народно собрание.

Думата, долниот дом на рускиот парламент, во вторникто со големо мнозинство ја изгласа резолуцијата поднесена од Комунситичката партија со која од претседателот Владимир Путин се бара Русија да ја признае независноста на самопрогласените „народони републики“ во Донецк и во Луганск, со мнозинско руско и рускојазично население, кои осум години војуваат со силите под контрола на Киев по превратот од 2014 година кога новите украински прозападни власти именуваа неизбрани гувернери на овие региони, го укинаа рускиот јазик како службен и подоцна Русите во Украина и ги прогласија за неавтохтоно население.

Францискиот претседател Макрон бараше да не ја признае независноста на двете самопрогласени републики, соопшти во вторникот вечерта Елисејскиот дворец.

„Рускиот претседател рече дека станува збор за парламентарната иницијата, којашто тој не ја одобрува. И во иднина ќе бидеме претпазливи и ќе го повикуваме да не го исполнува барањето на Думата“, истакнуваат од кабинетот на францускиот претседател.

Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, изјави дека во моментов не постои „никаква официјална одлука за тоа“, но посочи дека барањето а пратениците го „одразува размислувањето на рускиот народ“.

Руските функционери пред почетокот на ескалацијата на тензиите со Западот во врска со Украина ја отфрлаа можноста од признавање на самостојноста на двата реагиоа. Претеседателот Путин минатата седмица во текот на средбата со фрацускиот колега Емануел Макрон побара Киев целосно да го почитува договорот од Минск од 2015 година, кој претпоставува голем степен на автономија за двата региона во областа Донбас кон границата со Русија, во однос на изборот на локалните власти и организирањето на безбедносната и сферата на образованието.

Признавањето на овие територии до страна на Москва би значело крај на мировниот процес за истокот на Украина и Минските договори во кои под покровителство на Франција, Германија, Украина и Русија, преговараат властите во Киев и претставниците на бунтовниците во Донецк и во Луганск.

Се претпоставува дека резолуцијата на Думата, всушност, претставува дополнителен притирок врз Киев по објавата од вторникот утрото за почеток на повлекувањето на руските единици стационираи веќе два месеца во близина на границата со Украина.

Шефот на франциската дипломатија Ле Дријан во вторникот вечерта рече дека и фрацуските училишта во Киев се затворени, а семејставата на фрацуските дипломати, доколку сакаат, можат да ја напушат Украина поради тетнзиите на границата со Русија.

„Во сеегашните околности не оцеивме дека е соодветно да го менуваме седиштето на нашата амбасада“, изјави Ле Дријан додека САД донесоа таква одлука преселувајќи ја својата амбасада во Лвов, во областа позната како Галиција, на самиот запад на Украина.