Прoблеми со приваниот лунарен лендер по лансирањето

Роботизиран лендер изграден од американска приватна компанија доживеа проблем со погонскиот систем на пат кон Месечината во понеделникот, што го попречи првиот обид за меко слетување на Месечината на САД во повеќе од половина век додека менаџерите на мисијата се обидуваа да ја поправат неговата позиција во Вселената.

Месечевиот лендер „Peregrine“ на компанијата за вселенска роботика „Astrobotic Technology“ успешно беше лансиран во космосот во 8:18 часот по средноевропско време од Кејп Канаверал на Флорида, на првиот лет на „Vulcan“, ракета што беше во развој цела деценија од американските гиганти „Boeing“ (BA.N) и „Lockheed Martin“ (LMT.N) во заедничкиот потфат „United Launch Alliance“ (ULA).

Но, неколку часа по одвојувањето од „Vulcan“, лендерот на „Astrobotic Technology“ јавил проблеми со погонскиот систем на „Peregrine“ накратко го спречиле вселенското летало да заземе исправна позиција кон Сонцето за да добие енергија неколку часа откако успешно воспоставил конталт со контролата на летот и го активирал погонскиот систем.

Додека инженерите на мисијата ја повратиле контролата, неисправниот погонски систем губи вредно гориво, принудувајќи го „Astrobotic“ да размисли за „алтернативни профили на мисијата“, што сугерира дека слетувањето на Месечината повеќе не е остварливо.

„Тимот мисли дека веројатна причина за нестабилната ориентација кон Сонцето е аномалја на погонскиот систем, што, додколкус е покаже точно, ја доведува во прашање способноста на леталото за контролирано спуштање на Месечината“, се наведува во соопштението.

Лансирањето на „Vulcan“, ракета висока 60 метри со мотори направени од компанијата „Blue Origin“ на Џеф Безос, беше клучно за првото лансирање ULA која ја разви „Vulcan“ за да ја замени својата ракета „Atlas V“ којашто користи руски мотори и за да му конкурира на раектата „Falcon 9“ на компанијата „SpaceX“ на Илон Маск на пазарот за комерцијални повеќеркатно лансирање сателити.

Влогот на мисијата беше голем за „Vulcan“, бидејќи „Boeing“ и „Lockheed“, кои поседуваат ULA удели од 50-50, инсистираат продажба на проектот речиси една година. Лансирањето беше првиот од двата лета за сертификација што ги бараат Вселенските сили на САД пред „Vulcan“ да може да лета профитабилни мисии за Пентагон, кој е клучен клиент на целиот проект.

Успешното лансирање на лендерот на Месечината, кој ULA се согласи да го лансира со приближно 50 пониски трошоци, со оглед на ризиците од лансирањето на нова ракета, ѝ овозможува на компанијата да започне со надоместување на загубата од повеќе милијарди долари од околу 70 однапред резервирани мисии. Цената на лансирањето на „Vulcan“ изнесува најмалку 110 милиони долари.

Поставувањето на „Vulcan“ на лендерот „Peregrine“ во орбитата беше главна цел, изјави извршниот директор на ULA, Тори Бруно. „Ова беа години напорна работа“, додаде тој од контролната соба за лансирање на компанијата по лансирањето. Но, самиот лендер, откако се одвои од ракетата, не успеа да влезе во својата правилна ориентација свртена кон Сонцето и се забележало дека нивото на батеријата паѓа, неколку часа откако остварил успешен контакт со тимовите на Земјата и го активирал својот погонски систем, се вели во соопштението на компанијата.

Додека во „Astrobitc“ работат на утврдување на проблемот со погонскиот систем, поврдија дека таквиот проблем „ја загрозува способноста на вселенското летало меко да слета на Месечината“. Во подоцнежното ажурирање се вели дека инженерите ја вратиле контролата врз вселенското летало за да му овозможат да ги полни своите батерии. Додека „Peregrine“ останува во орбитата на Земјата, „имаме приоритет на максимизирање на науката и податоците што можеме да ги фатиме“, соопштија од „Astrobitc“.

Тргнувајќи на 46-дневно патување во понеделникот, „Peregrine“ беше подготвен да го одбележи првото меко слетување на САД на Месечината по последната мисија „Apollo“ во 1972 година и првото слетување на Месечината од приватна компанија – подвиг што се покажа неостварлив во последниве години. „Ова е моментот што го чекавме 16 години“, изјави извршниот директор на „Astrobotic“, Џон Торнтон по лансирањето на лендерот.

Мисијата е најнова во последниве години меѓу земјите и приватните компании кои се натпреваруваат за новите мисии со членови на екипажи на Месечината, обновена етапа на меѓународен натпревар во кој научниците се надеваат дека минералите што носат вода на Месечината може да се искористат за да се одржат долгорочните мисии на астронаутите.

„Peregrine“ би требало да слета на Месечината на 23-ти февруари со 20 уреди, од кои повеќето се дизајнирани да собираат податоци за површината на Месечината пред планираните идни човечки мисии. Доколку успее, тоа ќе го означи првото патување до површината на Месечината како дел од програмата „Artemis“ на американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Ovaa програма вредна повеќе милијарди долари, која вклучува различни земји и во голема мера се потпира на приватни компании како „SpaceX“, предвидува мисии на астронаути на Месечината подоцна оваа деценија. Се очекува таму прво да стигнат мали вселенски уреди како што е „Peregrine“.

Втората приватна американска компанија во рамките на истата програма на NASA очекува да лансира сопствен лендер во февруари. Носејќи слични уреди на NASA и лансирање во вселената со „Falcon 9“ на „SpaceX “, а од „Intuitive Machines“ од Хјустон соопштија дека нивното вселенско летало би можело да слета на Месечината на 22-ри февруари, еден ден пред планираното пристигнување на „Peregrine“.

Индија минатата година стана четвртата земја која оствари успешно меко слетување на Месечината, откако Русија не успеа во обид истиот месец. САД, Кина и Русија (како поранешниот Советски сојуз) се единствените други земји кои извршија успешно меко слетување на Месечината.

Приватните компании со надеж дека ќе го поттикнат пазарот на комерцијални летови на Месечината имаа потешки обиди, како и јапонскиот вселенски уред и леталото на израелска компанија кои паднаа во несреќа при нивните први обиди.