Проблеми со сервисите на Google во целиот свет

Корисниците на интернет ширум светот во понеделникот не можеа да се поврзан на сервисите на американскиот технолошки гигант Google, како што се Gmail и YouTube поради грешка на чиешто отстранување во компанијаа започнале да работат околу 13,30 часот по средноевропско време, беше соопштено попладнето.

Проблемите околу 12,50 часот по средноевропско време почнале да ги пријавиваат корисниците од неколку големи географски области, наведува мрежната страница Downdetector, додека се ределе пораките со #GoogleDown, најмногу преку Twitter.

„Сите сервиси имале проблем за повеќето корисници“, објави Google.

Малку по 13,30 часот компанијата соопшти дека некои сервиси сепак се достапни за „некои корисници“ и дека „проблемот наскоро ќе биде решен за сите корисници“.

Според првичните процени не работел ниедне од главните сервиси, како што се Gmail, Google Maps, Google Drive и YouTube. Сепак, од Google наведуваат дека и покрај нефункционалноста некои корисници имале пристап до одредени сервиси.

Покрај најпознатиот интернет пребарувач во светот, Google нуди мноштво сервиси, од размена на пораки преку географски мапи, архивирање на форографии и документи до видеозаписи и онлајн-игри.

Според досегашните анализи на експертите, најголеми проблеми се јавиле при обидот за пристап до Gmail и YouTube. Проблемите најмногу биле пријавувани од големите европски земји, како Германија, Велика Британија, Италија но и од Русија.

Дури 86 отсто од корисниците на Google не успевале да се најават, на 13 отсто омале проблем со пребарувањето. Околу 76 отсто од корисниците на сервисот за електронска пошта се пожалилте на проблеми при најавување на својот акаунт, а 17 отсто пријавиле технички проблеми со страницата.

Со YouTube проблеи пријавиле 49 посетители на каналот, 45 отсто пројавиле прекини додека го користеле овој сервис за размена на видеозаписи, а 4 процентии не можеле да се најават на страницата.

Засега не е позната причината за проблемите, но некои експерти надвор од компанијата истакнуваат дека станува збор за многу сложен сисме со огромно количество хардверски и софтверски комплекси, кои како и обичните системи може периодично да се „закочат“.