Проблеми со водоснабдувањето утре ќе имаат корисниците од поголемите населби во Гази Баба

Од Јавното претпријатите „Водовод и Канализација“ известуваат дека на ден 17.10.2020 година (сабота), поради реконструкција на  водоводна мрежа од Ф 150 на булеварот „Александар Македонски“ бб, водоснабдувањето ќе биде намалено од 09:00 часот до завршување на дефектот, а со намален притисок  ќе бидат корисниците од населбите: Автокоманда, Маџари и Сингелиќ. (општина Г.Баба)