Ракометарите на Еурофарм Пелистер на гостувањето кај Ним, ги продолжуваат настапите во Лигата на Европа, но тренерот Жељко Бабиќ се соочува со проблеми бидејќи нема да може да смета на четворица ракометари, од кои двајца се позитивни на коронавирус.
Иако сите ракометари на Еурофарм Пелистер се вакцинирани, на денешното тестирање пред заминување за Франција, Матео Мараш и Немања Обрадовиќ биле позитивни на коронавирус и се испратени во самоизолација.
Дополнителни главоболки на тренерот Бабиќ му создава и податокот дека против Ним нема да настапат ниту Јосип Периќ поради болест како и повредениот Мирко Радовиќ.