Проблемите со горивата во Британија ќе потраат уште цел месец

Бензиските станици во Велика Британија ќе се соочуваат со нарушувањето во снабдувањето сигурно уште еден месец, дури и доколку луѓето престанат панично да купуваат и пократ привремените сигнали дека ситуацијата почнува да се подобрува, пишува во средата лондонски The Times повикувајќи се на извори од секторот.

Прекините во снабдувањето со горива ќе продолжи, бидејќи ќе биде потребно време за надополнување во резерворите на бензиските црпки, а британската нафтена и гасна компанија „British Petroleum“ (BP) која прва го нормализираше снадувањето со нафтени деривати поради недостигот од возачи на камиони со горива, и натаму ќе има проблеми во текот на следниот месец, пишува The Times.

Паниката меѓу потрошувачите во Велика Британија започна да се шири на 23-ти септември, кога BP затвори неколку свои бензиски станмици поради проблеми со снабдување со горива. Корпорацијата тоа го објасни со недостиг од возачи на камионите со кои горивото се доставува до црпките. Со истиот проблем се соочуваат и другите енергетски но и компаниите од другите индустрии во земјата.

Иако проблемите со снабдувањето биле пријавени само на неколку десетиции од 1.200 бензиски црпки на BP ширум земјата, на британските бензиски станици се создадоа долги редови.

Но, Здружението на трговци со нафтени деривати предупреди во понеделникот дека две третини од нивните членови на речиси 5.500 независни продажни места нема гориво, а другите „делумно пресушија и наскоро ќе бидат празни“. Во Велика Британија има вкупно повеќе од 8.000 бензиските станици.

Британскиот премиер Борис Џонсон во вторникот рече дека „ситуацијата на бензиските станици се стабилизира“, повикувајќи ги сонародниците да се „однесуваат како и обично“, односно да не ги полната резервоарите со повеќе гориво отколку што навистина им е потребно.

Недостигот од возачи на тешки товарни возила кои предизвикаа криза која е поврзана со пандемијата на коронавирусот и брегзитот. Последните две години илјаднции професионални возачи од земјите од ЕУ ја напуштија Велика Британија, а обучувањето на нови ја отежна пандемијата, поради која во многу земји долго не се вршат возачките обуки и испити.

Како што претходно извести Sky News, повикувајќи се на извор во британското министерство за одбрана, имајќи ја предвид моменталната ситуација, британските воени возачи ќе ги управуваат камионите со гориво оваа седмица за да помогнат во решавањето на кризата со снабдувањето.