Македонското образование се вклучува во меѓународнoто тестирање на програма ПИСА, што е стандардизиран начин за мерење на знаењето на учениците на 15 годишна возраст. Пробното тестирање што ќе се одржи утре, ќе се спроведе на 1.500 ученици, од 38 средни училишта. Следната година ова меѓународно тестирање веќе ќе биде официјално за сите ученици на таа возраст.
Тестирањео ќе биде анонимно, што значи нема да влијае на успехот на учениците, туку ќе се анализираат вкупните постигнати резултати кои понатаму ќе претставѕваат индикатор за евентуални реформи во образовниот процес.
Прашалниците во тестирањето ќе опфаќаат три сегменти: колку учениицте се оспособени за читање со разбирање и критички пристап, математичка писеност и писменост во природните науки.
Ваквиот стандардизиран мечународен начин за провека на квалитетот на образоваието се спорведува во 60 земји од целиот свет на доброволна основа, секои пет години.
„Добиените резултати од тестирањето очекувам да инструираат нови реформи со кои и понатаму ќе се подобрува квалиттеот на македонскиот образовен систем, кој што за жал, во некои минати времиња беше занемаруван и претрпе сериозни застои и штетни последици на кои како актуелната Влада и натаму ќе работиме да ги отстраниме“, посочи министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Ова ќе биде второ учество на земјава во меѓународното ПИСА тестирање. Првото тестирање беше реализирано во 2001 година, но тогашните резлтатите покажаа дека македонскиот образовен систем не е баш на завидно ниво.