Прободено лице пред угостителски објект во Кичево

На 03.10.2022 во 23.07 часот во ОВР Кичево е пријавено дека пред угостителски објект на булеварот „Ослободување“ во Кичево, физички е нападнат и повреден со остар предмет албанскиот државјанин Џ.В..

На нападот му претходела вербална расправија во објектот. Повредениот е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.