Потрошувачките цени во еврозоната пораснале за 5,2 отсто во август, објави во вторникот Eurostat, со што малку ја намали првичната проценка, а податоците покажуваат поблаг пораст на цените на индустриските стоки.
Проценката објавена на крајот од август покажуваше раст на цените за 5,3 отсто, мерена преку усогласениот HICP индекс, што овозможува споредба меѓу членките на Евроспката унија. Во јули цените пораснаа за 5,3 отсто.
Европската статистичка агенција благо ја намали проценката за месечен раст на цените во август, од 0,6 на 0,5 отсто. Намалената проценка на годишната стапка на инфлација е одраз на поблагиот раст на цените на индустриските производи отколку што покажаа прелиминарните пресметки, за 4,7 отсто. На крајот на август беше проценет на 4,8 отсто.
Свежата храна поскапела за 7,8 отсто, а енергијата се намали за 3,3 отсто во однос на еден месец претходно, ги потврди првите проценки Eurosta.
Без цените на храната и енергијата, инфлацијата во еврозоната во август изнесувала 6,2 отсто, што исто така е во согласност со проценката од крајот на минатиот месец. Потврдена е и проценката за поскапување на услугите за 5,5 отсто.
Во цела ЕУ цените во август пораснале за 5,9 отсто во однос на истиот месец лани, по 6,1 отсто пораст во јули. На месечно ниво се зголемени за 0,5 отсто, покажува извештајот.
Најсилен раст на потрошувачките цени на годишно ниво е забележан во Унгарија во август, од 14,2 отсто. Следат Чешка и Словачка со годишни стапки на инфлација од 10,1 и 9,6 отсто, соодветно.
Во најновата челнка на еврозоната – Хрватска, годишната стапка на инфлација мерена со HICP во август изнесувала 8,4 отсто. Првата проценка објавена на крајот на август покажа стапка на раст на цените од 8,5 отсто. Во јули таа изнесуваше 8,0 отсто.
Најблаг раст на цените во ЕУ според HICP е забележан во Данска во август, од 2,3 отсто во однос на ланскиот август. Следуваат Шпанија и Белгија со раст на цените од 2,4 отсто.