Цените на нафтата се стабилизираа над нивото од 72 долари на меѓународните пазари во вторникот, бидејќи водечките производители продолжија да очекуваат силен раст на побарувачката во Кина, и покрај послабиот економски раст и преминот кон почисти енергенси.
На лондонскиот пазар цената на барелот во попледневното тргување беше повисока за 50 центи од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 72,33 долари. Вчера ја затвори трговијата со загуба од 2,04 долари.
На американскиот пазар со барелот денеска се тргува по 49 центи повисока цена, по 68,53 долари. Вчера го затвори тргувањето со загуба од 2,34 долари.
Засебно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека во понеделникот цената на барелoт од референтната кошничка нафта на нејзините членки паднала за еден долар, на 72,92 долари.
Почетокот на тргувањето оваа седмица беше обележан со разочарување од кинеските мерки кои треба да го ограничат долгот на локалната власт. Владата во Пекинг го зголеми плафонот за задолжување на локалната самоуправа за шест трилиони јуани (836,4 милијарди долари) во период од три години, истакнувајќи дека официјалниот нов долг треба да го замени „скриениот“ долг и да го ослободи капацитетот на заемодавците да ја финансираат економијата.
Инвеститорите се разочарани бидејќи Пекинг нема намера директно да го стимулира економскиот раст, што би значело поголема побарувачка за енергетски производи, објаснуваат аналитичарите.
Во исто време може да се зголеми понудата на нафта, судејќи според изјавите на Доналд Трамп, кој на изборите доби уште еден мандат во Белата куќа.
„Изборот на (Доналд) Трамп и неговото ветување дека ќе ‘дупчи, драги мои, ќе дупчи’, намалија дел од апетитот за купување на инвеститорите“, заклучува Фил Флин од „Price Futures Group“.
Во вторникот вниманието на инвеститорите беше привлечено од новите прогнози на OPEC за раст на побарувачката оваа и следната година. Нафтениот картел повторно ја намали проценката за растот на побарувачката во 2024 година, од 2,03 милиони на 1,93 милиони барели дневно. Во 2025 година, според новите проценки, треба да се зголеми за 1,74 милиони барели дневно, 100 илјади барели пониско од она што беше пресметано во октомври.
А најновите проценки беа намалени пред се поради Кина, чија побарувачка оваа година треба да се зголеми за 450 илјади барели дневно, приближно 100 илјади барели послабо од претходните пресметки.
„Прогнозата на ОПЕК за Кина сè уште проектира силен раст оваа година, но се повеќе не е во чекор со оние на другите тела, кои значително ги намалија проценките за крајот на 2024 година поради слабите макроекономски перформанси на Кина и разочарувачките фискални стимулации“, заклучи Хари Чилингвиријан. од Onyx Capital Group.
Меѓународната агенција за енергија (IAE), која ги советува членките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕCD), вклучително и групата водечки потрошувачи, предвидува дека светската побарувачка ќе порасне за само 860.000 барели дневно оваа година и ќе се забрза само малку во 2025 година, на милиони барели дневно.
Цените беа поддржани во вторникот и со намаленото производство во американскиот дел на Мексиканскиот залив поради ураганот Рафаел. Компаниите го намалија производството за околу една третина, но ураганот оттогаш ослабна до тропска бура.