Процентот убиени цивили во Газа поголем од сите конфликти во XX век

Израелското бомбардирање на Газа е најнеселективното во однос на бројот на цивилни жртви во палестинската енклава во изминатите години, а уделот на цивилни жртви во вкупниот број во војната меѓу Израел и Хамас во Газа е значително поголем отколку во сите војни во светот во текот на минатиот XX век, според анализата којашто во саботата ја објави израелскиот весник Haaretz.

Анализата покажа дека во трите претходни конфликти во Газа од 2012 до 2022 година уделот на цивилните жртви во вкупниот број загинати бил околу 40 отсто, додека во бомбардирањето во „Операцијата Штит и стрела“ годинава изнесувал 33 отсто.

За трите седмици од последната операција „Железни мечеви“ во Појасот Газа, уделот на цивилните жртви во вкупниот број е 61 отсто, што весникот Haaretz го опишува како „убивање без преседан“.

Овој процент од Појасот Газа е значително поголем од билансот на цивилните жртви во сите конфликти во светот во текот на XX век, во кои цивилите сочинуваат околу половина од загинатите.

„Заклучокот е дека масовното убивање цивили не само што воопшто не придонесува за безбедноста на Израел, туку може дополнително да ја поткопа“, пишува Haaretz изразувајќи уверенсот дека жителите на Газа коишто „ќе излезат од урнатините на нивните домови и по загубата на нивните семејства ќе бараат одмазда која нема да може да издржи никакви безбедносни аранжмани“.

Оваа анализа го потврди истражувањето од кое резултатите пред десет дена ги објавија две израелски инфомативни веб-страници +972 Magazine и Sikha Mekomit (Local Call), кои откриваат дека Израел намерно цели станбени блокови за да предизвика големи цивилни жртви со надеж дека народот ќе се сврти против Хамас, кој од 2006 година по изборите владее со палестинската енклава Појасот Газа

Британскиот весни The Guardian наведува дека овие бројки ќе предизвикаат непријатност во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, која се соочува со домашна и меѓународна критика и изолација, бидејќи стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бараше итен преки на огнот.

За време на војната предизвикана од смртоносните напади врз Израел на 7 октомври од страна на Хамас, САД се обидоа да ги убедат израелските сили да бидат поселективни во нивното таргетирање, но и покрај постојано високиот биланс на цивилни жртви, постојано тврдења дека Одбранбените сили на Државата Израел (IDФ)го прифаќаат американскиот совет.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, го повтори ова на во петокот во текот на дневниот брифинг со новинарите, но додаде дека „сите признаваат дека може да се направи повеќе за да се намалат цивилните жртви“, најавувајќи дека ќе работи со своите израелски колеги за да го постигне тоа.

САД му даваат дипломатска поддршка на Израел и испраќаат оружје, со што ризикуваат да бидат соучесници во воените злосторства, предупреди меѓународната организација Human Rights Watch, a организацијата Amnesty International оцени дека САД, со своето вето во Советот за безбедност на ОН, „му свртеа грб на огромното страдање на цивилите, бројот на жртви и хуманитарната катастрофа без преседан во Газа“.

Според тамошното Министерство за здравство, околу 70 отсто од речиси 17.500 лица убиени во Газа од 7-ми октомври се жени и деца, а 46.000 луѓе биле ранети во израелските напади.

Резултатите од анализата беа објавени денеска додека израелските сили се обидуваат да ја консолидираат контролата над северниот дел на Газа и ги бомбардираа квартот Шеџаи во градот Газа и Рафа, на јужната граница со Египет, каде што израелската војска претходно им порача на Палестинците да се евакуираат.

Не е јасно колку луѓе починале во изминатите 24 часа, но главната болница во Деир ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа соопшти дека 71 тело биле донесени, а 62 биле префрлени во болницата „Насер„ во вториот по големина град на палестинската територија Кан Јунис на југ.