Прочуени имиња на компании во САД и нивните финансиски падови

Моделот на франшиза беше главен играч во успехот на модерниот американски потрошувачки капитализам и може да се сумира во еден збор: Мек Доналдс.

Да не грешиме. Додека се повеќе се популаризираат како можност за инвестирање кај претприемачите, франшизите се соочуваат со сите типични притисоци на пазарот кои се поврзуваат со големите корпорации (кои се всушност мајки-фирми на голем број франшизи). Овие притисоци вклучуваат трендови на просто „вртење на пари“ по периодот на брзата експанзија, борба на пазарот со сите додека се борат за последната добра идеја и кога е предоцна, поместување на приоритетите во потрошувачката класа и модели на отежнување кои неможат да бидат препознаени пред да биде предоцна.

Да го земеме во предвид Radio Shack кој во моментов се соочува со сериозна финансиска криза. Лесно е да заборавиме дека компанијата беше предводник во потрошувачката технологија на почетокот на технолошкиот бум пред неколку децении.

Некои високо профилирани франшизи остварија долг пат до банкротот, за многу пократок период отколку што очекувате. Сепак некои од нив направија отскок и се вратија на пазарот. Како и да е, финансиската ранливост е сериозен проблем за претприемачите кои ги разгледуваат можностите за бизнис.

Во 2000 година јавната понуда на американската компанија Krispi Kreme беше проследена со зголемување на цената на акциите од помалку од 10 долари на околу 50 долари во првите четири години. Ова беше проследено и со неочекувани загуби, како и со истрага за нерегуларно финансиско работење, а покрај тоа во ек беше и трендот за исхрана без карбонхидрати.

Откако цената на нивните акции падна и под 1 долар во 2009 тата, во последните неколку години таа се зголеми за речиси 450 отсто и компанијата денеска поседува околу 500 меѓународни локации.

Sbarro Pizza прогласи банкрот на почетокот на 2014 (што е нивни втор банкрот во последните три години).

Во февруари, компанијата ги изнесе плановите да затвори 155 од 400 ресторани кои ги поседува во Северна Америка. Но, сепак тоа беше краток пат до банкрот, компанијата опстојуваше само три месеци.

Quiznos беше основан во Денвер во 1981. Во следните 25 години конкурентот Subway отвори 4 600 локации, поради што Quiznos мораше да направи промени и да затвори илјадници ресторани низ светот. Сепак промените не беа доволни за синџирот ресторани да прогласи бранкрот на почетокот на годинава. Но, и покрај банкротот, компанијата успеа да се врати во јули годинава и планира да отвори околу 1000 локации во Кина, Индонезија и Малезија.