Продадена најскапата поштенска марка на светот

Британската компанија „Stanley Gibbons“, најстариот филателистички дилер на светот, на наддавање на аукциската куќа Sotheby’s за 8,3 милиони американски долари ја купи најскапата поштенска марка на светот нарелена „Британска Гвајана, соопшти во вторникот новиот сопственик.

Марката со номинална вредност од еден цент ќе биде изложена во главниот изложбено-продажен салон на „Stanley Gibbons“ на улицата Стренд во центарот на Лондон, се додава во објавата.

Осмоаголната „Британска Гвајана“, отпечатена во црна боја на црвена, не е перфорирана. Во центарот на марката е слика на тријарболест едреник, над кој е мотото на оваа поранешна британска колонија на латински јазик „Damus Petimus Que Vicissim“ (Даваме и се надеваме дека ќе добиеме).

Неформално позната како „Принцезата на филателијата“, марката „Британска Гвајана“ е дел од серијата поштенски марки којашто била испечатена во 1856 година, кога оваа британска колонија не ја добила ветената пратка марки од Лондон. Локалната поштенска служба издала три серии марки од различни апоени. Од најевтината серија од еден цент, успеала да опстане само една марка, која сега ја откупи „Stanley Gibbons“.

Во соопштението на компанијата се наведува дека „Британска Гвајана“ веројатно би била засекогаш загубена доколку едно 12-годишно момченце од Шкотска, по име Вернон Вон, кое живеело во колонијата не ја пронашло меѓу купиштата хартии на неговиот вујко. Подоцна Вон за само шест шилинзи му ја продал марката на соседот филателист, по што таа завршила во Велика Британија. Подоцна таа била во сопственост на претприемачот од Ливерпул, Томас Ридпат, а нејзин следен сопственик за сума од 150 британски фунти станал францускиот барон Филип Ферари, кој ја поседувал најголемата приватна колекција на поштенски марки на почетокот од XX век.

По смртта на Ферари во 1917 година, марката била понудена на аукција на којашто минува во сопственост на американскиот текстилен магнат Артур Хин веќе за 32.500 долари. Но во 1940 година, марката повторно го менува сопственикот, откако вдовицата на Хинд ја продала на мистериозен австралиски бизнисмен за 45.000 долари. Во 1970 година, познатиот американски колекционер Ирвин Вајберг за неа платил 280.000 долари, а веќе по десет години нејзината цена дистигнува 935.000 долари, колу што за неа платил милионерот Џон Дупон.

Оваа поштенска марка првпат станува најскапата во светот во 2014 година кога е продадена на надавање на  Sotheby’s во Њујорк, кога бил понуден дел од недвижнините на Дупон. Пред седум години американскиот дизајнер за обувки и бизнисмен Стјуарт Вајцман ја плати 9,5 милиони долари. Причините поради коишто сега се одлучил да ја продаде „Британска Гвајана“ не се откриваат.

Компанијата „Stanley Gibbons“, која во вторникот ја купи една од најпознатите поштенски марки во светот, е основана во 1856 година од ливерпулскиот претприемач Едвард Стенли Гибонс. Од 1879 година фирмата започнала да го објавува истоимениот популарен каталог на поштенски марки. Главната продавница на компанијата на лицата Стренд во централен Лондон е отворена во 1891 година.