Оваа недвижнина на крајбрежјето на Дубаи го има рекордот како најскапа станбена вила во градот, со 10 спални соби, приватна плажа, фризерски салон и уште многу.
Станбената вила е направена по нарачка во април за 76,2 милиона американски долари, со што го поставила рекордот како најскапата недвижнина во „градот на златото“.
Со недвижнината управувал агентот Конор Мекеј од „Belleview Real Estate“, продажната цена на вилата која ја продал наградуваниот посредник за луксузни недвижнини била речиси 33 отсто поголема од претходниот рекорд од 50,3 милиони долари поставен во 2015 година.
Жан Јочинк, извршниот директор на платформа за недвижнини со седиште во Дубаи („Property Monitor“), изјавил дека трансакцијата од овој обем прикажува тековна моќ на недвижнините во Дубаи, особено во сегментот „ultra-high-end“.
„Трансакцијата не само што го победува претходниот рекорд туку го затвора раздорот меѓу луксузниот пазар во Дубаи и пазарот на водечките светски градови како што се Лондон, Њујорк и Хонгконг“, изјавил тој.
Наоѓајќи се на крајбрежјето на „Palm Jumeirah“, масовната мегавила се протега на 3.300 метри квадратни и има десет спални соби. Тука се и зaтворените и отворени базени, спа-центар со седум ѕвезди, личен фризерски салон и 70 метри приватна плажа. Придонесувајќи на големината на овој имот, мегавилата исто така има и бескрајни количини најсовремен животен простор, при што сето тоа е во состав со највисоките модни спецификации.
Мекеј изјавил дека ова е единствената вила на вештачки остров која нуди затворен базен. Таа има и теретана, сауна, кино, вински подрум, аквариум и огромна кровна тераса со хидромасажна када.
Ентериерот на вилата има увезен и рачно изработен мермер којшто го испорачува италијанската куќа за мебел „Giorgetti & Minotti“.