
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се наоѓа во тешка ситуација, па неговите најверни навивачи „Комитите“ се одлучија да направат акција за спас на клубот и тоа со купување на билети .
Акцијата трае веќе некое време, а „Комитите“ ја информираа јавноста дека веќе е надмината границата од 20.000 билети со што е поставен рекорд кога е во прашање домашен спортски настан, поточно продажба на влезници.
Се очекува да бидат продадени уште билети и со тоа да се соберат дополнителни финансиски средства за помош и спас на ФК Вардар.