Тетовчанец доби кривична бидејќи измамил две лица на кои им продал автомобили од марката „мерцедес“.
Возилата им ги продал на оштетните за 70 илјади евра, а бил направен и купопродажен договор.
Истиот ги довел во заблуда лицата на тој начин што едното возило го задржал заради сервисирање, а другото возило останало кај него поради немање паркинг на купувачот. По извесен период купувачите дошле да си ги земат возилата меѓутоа пријавениот не бил дома ниту пак возилата.