Продажбата на автомобили во Европската унија речиси стагнирала во јули, покажаа во четвртокот објавените податоци од здружението на производители на автомобили ACEA.
Во јули во ЕУ биле регистрирани околу 850.000 автомобили, само 0,2 отсто повеќе од истиот месец минатата година, пресметале во АCЕА. Во јуни продажбата е зголемена за 4,3 отсто.
Во групата од четири водечки пазари, резултатите се различни. Така, Италија и Шпанија забележале зголемување на бројот новорегистрирани автомобили за 4,7, односно 3,4 отсто, додека Франција и Германија забележале намалување од 2,3 и 2,1 отсто
Европскиот пазар на електрични автомобили на батерии се намалил во јули за 10,8 отсто, пресметала ACEA, многу посилно отколку во претходниот месец кога продажбата падна за еден отсто.
Силниот раст во Белгија од 44,2 отсто не го надомести двоцифрениот пад во Германија од 36,8 отсто, покажува извештајот. Нивното пазарно учество во јули изнесувало 12,1 отсто и е благо намалено во однос на јуни кога изнесуваше 14,4 отсто.
Во периодот од јануари до јули, европскиот пазар на нови автомобили порасна за 3,9 отсто во однос на истиот период минатата година, достигнувајќи повеќе од 6,5 милиони нови возила, пресмета ACEA.
Сите четири водечки пазари забележалњраст во првите седум месеци. Во Шпанија растот е 5,6 отсто, во Италија 5,2 отсто, во Германија 4,3, а во Франција 2,2 отсто.
Европскиот пазар за електрични автомобили со батерии падна за благи 0,4 отсто, со регистрирани 815.399 нови автомобили.
Продажбата на „дизели“ паднала за 7,9 отсто, со продадени 837.795 нови автомобили.
Бензинските автомобили и покрај падот на продажбата од 1,3 отсто, ја задржаа водечката позиција со удел од 33,4 отсто, додека хибридните електрични автомобили го потврдија второто место со пазарен удел од 32 отсто.
Приклучните „плга-ин“ хибриди и хибридните електрични автомобили биле попопуларни, според растот на продажбата од 25,1 и 17,7 проценти, соодветно. Продажбата на „дизел“ возила е зголемена за 12 отсто, а на „бензиницете“ за 14,1 отсто.