![Peking avtomobili soobrakjaj](https://netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Peking-avtomobili-soobrakjaj.avif)
Продажбата на автомобили во Кина драстично паднала во јануари поради празниците и најавата за крај на владините субвенции, а автомобилите на бензин повторно ги надминаа електричните возила и плагин-хибридите, покажаа податоците од здружението CPCA објавени во вторникот.
Во јануари на најголемиот светски пазар се продадени 1,81 милиони нови возила, за 12 отсто помалку од истиот период лани. Во декември, продажбата забележа ист процентуален раст, со испорачани околу 2,6 милиони автомобили.
Продажбата вообичаено многу флуктуира во првите два месеца од годината поради почетокот на кинеската лунарна нова година, која годинава се падна во јануари и февруари минатата година, забележува Reuters.
Во исто време, граѓаните поретко ги посетувале автосалоните во јануари, бидејќи Пекинг најави укинување на стимулациите за купување на крајот на 2024 година, што предизвика бран купувања. Во такви услови, производителите понудија поповолни цени. Владата на крајот одлучи да ја продолжи програмата за стимулирање.
Продажбата на електрични возила и плаг-ин хибриди, во категоријата возила на погон на нови извори на енергија (NEV), пак, скокнака за 10,5 отсто во споредба со јануари минатата година, што претставува 41,2 отсто од вкупната продажба, покажаа податоците од Кинеското здружение за патнички автомобили (CPCA).
Сепак, најновите податоци покажуваат дека NEV возилата не ја надминале продажбата на автомобили на бензин дури ни во јануари.
„Во пресрет на Лунарната Нова година е традиционално шпицот на сезоната на купување автомобили во руралните области, а побарувачката е главно поттикната од купувачите кои првпат купуваат автомобили, при што автомобилите на бензин заземаат поголем удел во вкупната продажба“, вели генералниот секретар на CPCA, Куи Донгшу.
Во 2025 година, продажбата на NEV возила треба да ги надмине целните 50 проценти и да достигне удел од 57 проценти, што е повеќе од 47 проценти во 2024 година.
Додека најголемиот светски пазар на автомобили се подготвува за послаба продажба оваа година и покрај продолжените субвенции, гигантите за електрични возила, вклучително и BYD, се обидуваат да привлечат купувачи со намалени цени трета година по ред.
Во понеделникот, BYD ја намали минималната цена за електричните возила со напредни функции за автономно возење на само 9.555 долари, далеку под онаа на конкурентите како американската „Тesla“.
Од друга страна, „Tesla“ ги прошири попустите и финансиските стимулации во Кина, додека производителите „Xpeng“ и „Nio“ обезбедуваат финансирање без камата до пет години за некои модели.
Според здружението, кинескиот извоз на автомобили пораснал за само три отсто во јануари во споредба со истиот период минатата година, на 380.000 возила. Во декември е зголемен за шест отсто.