Продажбата на шампањ драстично падна во првата половина од годината, бидејќи граѓаните трошеле помалку а трговците на мало складираа резерви, соопштија во петокот производителите порачувајќи им на лозарите да берат помалку грозје.
Производителите продале 106,7 милиони шишиња шампањ во периодот од јануари до јуни, што е за 15,2 отсто помалку од минатата година.
„Тмурната глобална геополитичка и економска ситуација и инфлацијата ја оптоваруваат личната потрошувачка“, вели Давид Шатијон, претседател на лобистичкото здружение „Champagne Houses“, во изјава објавена од Здружението на производители Comitee Champagne.
Тие ги продаваат визбите и злихите што трговците ги создале во 2021 и 2022 година, додава Шатијон.
На годинешната берба во Шампањ ѝ наштетија лошите временски услови, вклучително и мразот и влагата што го фаворизираа развојот на мувлата, објави здружението. Затоа производителите одредиле максимален принос на грозје од 10.000 килограми по хектар, што е за 12,3 отсто помал од лани.
Шампањот, за разлика од другите вина, најчесто е комбинација од неколку берби. Залихите се обновуваат во добри години и с обновуваат и можат да се надокнадат слабите берби.
Мразот и мувлата ѝ наштетија на бербата во Шампањ и во 2021 година, кога приносот беше 25 пати помал од петгодишниот просек и најмалку собрано грозје во последните 35 години. Бербата вообичаено започнува околу 10-то септември.
Здружението на производители не ја објави прогнозата за продажба и извоз за годинава.