Продажните цени на индустриските производи во февруари пониски на месечно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а на годишно ниво остануваат непроменети, објави Државниот завод за статистика.

Во февруари 2020, во споредба со јануари 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто, енергија за 3,3 отсто и интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто.

Во февруари 2020, во споредба со февруари 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се непроменети.