Продажните цени на производителите на индустриски производи на годишно ниво зголемени за 21,4 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.3 % на месечно и за 21.4 % на годишно ниво.

Во април во споредба со март, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 0.5 %, Интермедијарните производи, освен енергија за 5.8 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.8 %.

Во април годинава, пак, во однос на април лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 26.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 29.4 %, Капитални производи за 74.6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.6 %.