![industrija limovi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/industrija-limovi.jpg?resize=690%2C317&ssl=1)
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март се повисоки за 0,1 процент на месечно ниво и пониски за 0,1 процент на годишно ниво.
Во споредба со февруари, зголемување на цените има во групите Трајни производи за широка потрошувачка и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти, како и во групата Интермедијарни производи за 0,2 проценти.
Во однос на март минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 2,7 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 проценти.