Собранието на Република Македонија во четвртокот ќе го одржи продоложението на 8-та седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за именување на функцијата заменици на генералниот секретар на парламентот.
Пратениците ќе расправаат и за предлог законите за докторска дејност, за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за извршување, за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за изменување на Законот за јавното обвинителство, сите во прво читање и поднесени од пратеници од опозиција.
На дневниот ред на седницата е и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2016 година.