Продолжен притворот за Мухамед Зеќири

Поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зеќири доби продолжување на притворот за нови 30 дена од Кривичниот суд Скопје.

Ова му е второ продолжување за нови 30 дена, откако на 8 април беше уапсен за склучување на договор од енормни финансиски размери со консултант за физибилити студија за приватизација на АД Пошта.

Во меѓувреме тој поднесе и понуда за гаранција, но истата не му беше прифатена од страна на судот.

Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување.