Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023

Во Собранието денеска продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година. Поднесени се 263 амандмани од сите политички партии, а досега се прифатени повеќе предложени амандмани.

Согласно проекциите во Предлог-буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари и се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 4,6 отсто од планираниот БДП или на 42,7 милијарди денари, додека вкупните расходи на 324,8 милијарди денари што е за 36,3 милијарди денари повеќе во однос на Буџетот за 2022 година.