Продолжува дијалогот помеѓу Владата и универзитетите за подобрување на пакетот реформи во високото образование.
Вчера во Собранието се изгласаа новите измени во Законот за високо образование, со кои што државниот испит се одложува за една година, а примената на некои одредби се одложува и за две години.
Од министретвстото за образование посочуваат дека дијалогот за носење на нов закон за подобрување на квалитетот во образованието ќе продолжи преку дискусија на ниво на работни групи, кои ќе ги предложат двете страни.
Во следните неколку денови се очекува официјализирање на работните групи и отпочнување на дебатата во која Сенатот на УКИМ ќе ги номинира претставниците на академската заедница, професорите и студентите кои ќе учествуваат во целосното заокружување на процесот и реализација на договорот од иницијалната средба.