Продолжува ерупцијата на вулканот во Индонезија

Индонезискиот вулкан на планината Левотоби Лаки Лаки денеска исфрли „високи столбови врела пепел“, неколку дена по големата ерупција во која загинаа девет лица, а десетици беа повредени.

Активноста на вулканот на островот Флорес се интензивира по првичната ерупција во понеделникот.

Властите во четвртокот ја проширија опасната зона бидејќи вулканот повторно еруптираше.

Вулканот вчера исфрли голем столб пепел висок околу 10 километри, изјави Хади Виџаја, шеф на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошки катастрофи.

Виџаја додаде дека лава и чакал паднале во радиус од околу осум километри од кратерот.

Нема информации за жртви во последната ерупција, соопшти агенцијата за следење на вулканите.